Анчелоти инсистира да го има Елиф Елмас во Наполи, алтернатива е Пулгар од Болоња

Италијанскиот калчолигаш Наполи е сериозно заинтересиран за ангажман на македонскиот мегаталент Елиф Елмас, а на трансферот инсистира тренерот Карло Анчелоти. Двата клуба се во интензивни преговори, но засега Фенербахче се уште не потклекнува за продажба на Елмас и најверојатно сака да ја добие најдобрата цена.

Анчелоти има план да ги доведе Елиф Елмас и Хамес Родригез во тимот на „наполитанците“ ова лето и да се обиде со нив да ја сопре доминацијата на Јувентус. Според италијанските медиуми, Наполи е подготвен да плати 15 милиони евра за Елмас, но таква сума веќе понудија и Атлетико Мадрид, Тотенхем и Борусија Дортмунд. Најверојатно ќе мора да ја зголемат понудата до 20 милиони евра.

„Наполитанците“ имаат и алтернатива доколку не успеат да го ангажираат Елиф Елмас. Тогаш ќе се фокусираат на ангажман на Ерик Пулгар од Болоња.

Се вчитува...