Анчелоти избра: Елмас резерва на отворањето на сезоната

Карло Анчелоти веќе го избрал тимот на Наполи што ќе стартува на премиерниот меч од новата сезона, утревечер во Фиренца против Фиорентина, а во него нема место за Елиф Елмас. „Наполитанските“ медиуми информираат дека Анчелоти и во новата сезона ќе инсистира на формацијата 4-3-3, а за мечот од првото коло тој се решил за тандемот Алан – Зјелински како последни играчи за врска, пред кои ќе настапува Фабијан Руиз.

На голот е најавен Мерет, во одбранбената линија ќе се најдат Манолас и Кулибали, помогнати од Хисај и од Ди Лоренцо по бековските позиции. Во нападот најистурен ќе биде Мертенс, помогнат од Инсиње и од Калјехон, што значи дека најскапото засилување, Мексиканецот Лозано, исто како и Елмас, почетокот во Фиренца ќе го следи од клупата за резерви.

Македонскиот ас и при самото доаѓање беше свесен за огромната конкуренција во тимот, но нема сомнеж дека Елмас ќе стори се за да се наметне кај Анчелоти и наскоро да се избори за за првотимски статус на еден натпревар.

Се вчитува...