Анчелоти ја откри вистината за Верати и неостварениот трансфер во Барселона

Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти во пресрет на средбата со својот поранешен клуб ПСЖ, ја откри вистината за марк Верати и трансферот во Барселона кој не се оствари и ова лето. Италијанскиот стратег тврди дека Верати ги искористил шпекулациите околу неговата иднина, за да изнуди нов, побогат договор од францускиот гигант.

„Тој всушност никогаш не сакаше да се пресели во редовите на Барселона. Целосната приказна ја искористи да изнуди нов, подобар договор. Многу добро го познавам, знам каков човек е. Таквото однесување не ми се допаѓа, некои играчи навистина сакаат да заминат во нов клуб, но некои ја користат ситуацијата да извлечат нешто повеќе за нивниот интерес“, истакна Анчелоти.

Анчелоти беше човекот кој го лансираше Верати во првиот тим на „светците“, го доведе од Пескара во 2012 година, а од тогаш Италијанецот е „моторот“ на тимот. Анчелоти подоцна се обиде да го доведе во Реал Мадрид, и сега во Баерн Минхен, но не успеа во тоа.

Се вчитува...