Анчелоти: Јас сум виновен за поразот од Барса, но не треба да правиме драма

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека тој е виновен за тешкиот пораз од Барселона синоќа. Барселона славеше во Мадрид со убедливи 4-0 во рамки на 29. коло од шпанската Ла Лига.

Менаџерот на „кралевите“ истакна дека болката е голема затоа што станува збор за „Ел Класико“, но потенцираше дека не треба да се прави драма од ваквиот исход.

„Тешко е бидејќи ова е Ел Класико, игравме против Барса. Жал ми е. Но, мора да бидеме мирни. Не треба да правиме драма од ова. Мора да го заборавиме ова и да гледаме напред“, изјави Анчелоти.

Карло одговори и на прашањето што им рекол на играчите по натпреварот:

„Јас сум виновен. Така им кажав“, потенцирал Италијанецот.

Реал е прв на табелата со 66 бодови. Барса е на третото место со 54 бодови и натпревар помалку.

„Имаме голема предност. Сега имаме репрезентативна пауза. Се надевам дека играчите кои беа повредени ќе ни се вратат“, додаде Анчелоти.

Се вчитува...