Анчелоти: Јовиќ е малку мрзелив, но ќе биде добар во Фиорентина

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти, за неговиот сега веќе екс играч Лука Јовиќ изјави дека очекува да биде добар во Фиорентина. Неговиот најголем проблем, како што вели искусниот италијански стручњак, е што е мрзелив.

Лука Јовиќ вчера на дебито за својот нов тим постигна четири гола против Реал Виченца.

„Јовиќ е одличен напаѓач. Не се движи многу, но е силен во шеснаесетникот и игра добро со глава и со двете нозе. Сериозен играч. Ако биде мотивиран, убеден сум дека ќе биде добар во Фиорентина. Малку е мрзелив, му треба мотивација“, рече Анчелоти. 

Лука Јовиќ стигна во Фиорентина без обесштетување од Реал Мадрид, а договорот е да му припадне 50% од следниот трансфер.

Се вчитува...