Анчелоти: Каков притисок… нозете ми се тресеа…

Карло Анчелоти со огромна доза на олеснување се појави пред новинарите откако Бразил се спаси од срамна мундијалска елиминација, славејќи со 2-1 над Јапонија, со голот што го постигна Габриел Мартинели во 95. минута.

Искусниот стратег има минато буквално се во кариерата, но не крие дека притисокот што го чувствувал на овој меч е неспоредлив.

„Чувствував како нозете ми се тресат додека стоев крај аут-линијата. Не можам да се сетам дали некогаш сум имал ваков притисок откако сум тренер. Затоа и не можев да се израдувам како што треба по голот на Мартинели, нозете уште ми се тресеа. Секако дека сум среќен, тој гол ја врати надежта во цел Бразил. Продолжуваме понатаму“, истакна Анчелоти.

Тој јасно стави до знаење дека „кариоките“ во ниту еден момент не го потцениле својот противник.

„Беше тешко, но ние знаевме дека ќе биде таков меч. Не го потценивме составот на Јапонија бидејќи знаевме за што се способни, а тие го докажаа тоа на теренот. На паузата им реков на играчите побрзо да се ослободуваат од топката, повеќе да се движат бидејќи Јапонците дисциплинирано се бранеа. Најважно е што не паничевме во ниту еден момент, ги чекавме своите шанси и стигнавме до победата“, задоволно изјави Карло Анчелоти. 

Се вчитува...