Анчелоти лут: Ние игравме добро, ама судиите беа очајно лоши

Наполи имаше повеќе од играта на синоќешниот натпревар против Калјари во Серија А, но на крајот загуби по само еден напад на гостите со 0-1.

Стратегот на „наполитанците“, Карло Анчелоти вели дека не е загрижен затоа што гледа дека неговиот тим игра добро, иако ако се гледа ситуацијата на табелата таа и не е баш најпријатна за неговиот состав…

„Но, мора да кажам дека судиите на натпреварот беа навистина лоши. Па не може Кулибали да добие црвен картон за малку понервозен разговор со судијата, а ние во серија имавме жолти картони. Па тим кој играше грубо цел меч беше Калјари, а ние бевме казнувани“ – вели Анчелоти, притоа дополнувајќи:

„Секако жалиме поради ситуацијата на табелата, но не сум загрижен затоа што има уште многу за игра пред нас во ова првенство“.

Се вчитува...