Анчелоти: Мбапе? Клубот се занимава со тоа прашање, мене ми е важен само следниот натпревар

Фудбалскиот свет ова лето претрпе големи промени на својата мапа. По заминувањето на Лео Меси од Барселона со што заврши една ера, Кристијано Роналдо се врати во редовите на Манчестер Јунајтед, а сега на повидок е нов спектакуларен трансфер вреден околку 200 милиони евра.

Реал Мадрид е желба на Килијан Мбапе, а и Французинот е желба на „кралскиот клуб“ па се чини дека последните денови од трансфер рокот ќе ни приредат нова возбуда. На оваа тема денеска говореше и тренерот на мадридскиот клуб кој и покрај тоа што рече дека е фокусиран само на следниот натпревар, имаше пофални зборови за 22-годишникот.

„Јасен ми е интересот за прашањето околку Мбапе, но клубот се занимава со тоа него. Играчите и јас размислуваме само за следниот натпревар. Тоа е се. Тие приказни не не интересираат, фокусирани сме на теренот. Мбапе е одличен играч. Имаме такви и овде. Повторувам, клубот се занимава со тоа. Имам фантастичен тим, среќен сум со тоа. Ако донесеме засилување, тимот ќе биде уште подобар“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...