Анчелоти: Играчите на Ц. Звезда се професионалци во трошење време, го убија фудбалот

Италијанскиот калчолигаш Наполи планираше со триумф да го почне натпреварувањето во Лигата на шампионите, но не мина се така глатко на гостувањето во Белград против Црвена Звезда. „Наполитанците“ не успеаја да го скршат отпорот на српскиот првак, а тренерот Карло Анчелоти вели дека неговите фудбалери не го потцениле противникот.

„Не сум лут, но ми е жал што не победивме. Имавме неколку одлични шанси, но нивниот голман секогаш излегуваше како победник. Не ја потценивме Црвена Звезда, игравме максимално сериозно, а Хамшик и Мертенс чувствуваа замор и затоа не го почнаа мечот. Претходно имавме проблеми затоа што примавме голови, а сега затоа што не ги постигнуваме. Немавме добар баланс, но моравме да победиме на овој меч. Се надевам дека на следните дуели во ЛШ ќе бидеме многу подобри. Црвена Звезда одигра како што треба, цврсто во одбраната и на контранапади, иако мора да кажам дека се и професионалци во трошење време, паѓање на терен, глумење… Последните 15 минути го убија фудбалот. Го знаевме ние и тоа, но не успеавме да ги пробиеме“, изјави Карло Анчелоти по ремито без голови во Белград.

Се вчитува...