Анчелоти: Не сакам да барам вина, но Модриќ беше очаен…

Реал Мадрид го забележа првиот пораз во шпанското првенство откако во дербито на шесттото коло загуби од градскиот ривал Атлетико Мадрид со 3-1 во натпревар во кој од првата минута на теренот се најде Лука Модриќ.

Сепак Хрватот потфрли на теренот па беше заменет на полувремето. Модриќ беше тема на разговор и на пресконференцијата за медиуми по крајот на средбата, а таму доби критики од Карло Анчелоти.

„Започнав со Модриќ бидејќи сакав да ја имаме топката повеќе во наш посед и сакав да го одморам Чуамени кој во последно време игра многу“, започна Анчелоти кој потоа доби прашање зошто го замени Хрватот на полувремето.

„Затоа што Атлетико беше подобар од нас. Рано постигна два гола, се бранеше подобро и брзо ја завршуваше транзицијата. Не сакам да покажувам со прст поготово кон Модриќ, но одигра лоша. Исто како и неговите соиграчи. Затоа на полувремето наместо Модриќ во нападот го ставив Јоселу со цел да бидеме поопасни“.

Се вчитува...