Анчелоти: Нема да ја потцениме Црвена Звезда, видовме како си помина Ливерпул

Најзаплеткано од сите групи во Лигата на шампионите е во групата Ц, каде Наполи им пркоси на ПСЖ и на Ливерпул, кои важеа за главни фаворити за пласман во нокаут фазата. Дури и Црвена Звезда има свои шанси за пласман понатаму.

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, пред вечерашниот дуел на „Сан Паоло“ вели дека неговиот тим нема да го потцени српскиот првак.

„Нашата цел е да ја поминеме групата. Многумина се изненадени од тоа што успеавме да им се спротиставиме на големите клубови, ПСЖ и Ливерпул, но ние веруваме во нашите квалитети. Италијанскиот фудбал многу напредува. Ако не успееме да ја поминеме групата при ваква ситуација, ќе испаднеме големи глупаци. Сигурно нема да ја потцениме Црвена Звезда, видовме како си помина Ливерпул“, изјави Карло Анчелоти.

Пред последните две кола во групата Ц, Ливерпул и Наполи имаат по шест бода, ПСЖ е третопласиран со бод помалку, а на четвртата позиција е Црвена Звезда со четири бода.

Се вчитува...