Анчелоти: Никој не веруваше дека Реал ќе стигне до полуфиналето, но ние сме тука

Реал Мадрид вечерва ќе му гостува на Манчестер сити на „Етихад“ во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. По елиминацијата на Пари Сен Жермен и Челси, „кралевите“ имаат мисија да го совладаат и лидерот во англиската Премиер-лига.

Tренерот на клубот од „Сантијаго Бернабеу“, Карло Анчелоти вели дека досега елиминирале два од најголемите фаворити за освојување на елитата, а одат истото да го направат и против „граѓаните“ кои според него се први фаворити за трофејот.

„Луѓето велат дека во полуфиналето се две екипи за кои никој не веруваше дека ќе стигнат до тука, Реал Мадрид и Вилјареал. Но, еве не нас во полуфиналето. Реак секогаш ќе се натпреварува. Близу сме до уште едно финале во најважното натпреварување во светот и сум загрижен бидејќи играме против многу силен клуб. Досега ги добивме сите фаворити, одиме да го направиме истото и против Манчестер сити“, изјави Анчелоти. 

Натпреварот кој ќе се игра на „Етихад“ е закажан за 21 часот.

Се вчитува...