На секое Светско првенство Бразил се истакнува како еден од фаворитите за пехарот. Така ќе биде и оваа година, а „кариоките“ се една од селекциите кои привлекуваат големо внимание.
Љубителите на фудбалот ги интересира секој потег на најтрофејната репрезентација на Мундијалите, па така и повикот на Нејмар. Иако се очекуваше тој да не се најде ниту блиску до националниот тим, сепак, на крајот ќе игра на Светското првенство.
За некого шок, за некого оправдана одлука, а ја образложи и селекторот Карло Анчелоти.
„Нејмар го проценувавме во текот на целата сезона. Во последно време значително ја подигра физичката форма и гледаме огромен напредок. Тој е многу значаен играч за Барзил, и ќе има голема улога на Мундијалот. Сепак, тој ќе има исти обврски и ист третман како и сите репрезентативци. Може да почне меч од првата минута, може да остане на клупата па да влезе, а може да биде резерва цел натпревар. Неговата одговорност е идентична како и сите останати играчи“, рече Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
