Анчелоти: Од Норвешка загубивме поради паузата за хидратација

Бразил беше шокиран од Норвешка во осминафиналето од СП 2026, шлаканица за селекторот Карло Анчелоти и неговите фудбалери ако се знае дека ова беше првпат по цели 60 години пауза „кариоките“ да не се пласираат во едно мундијалско четвртфинале.

Анчелоти во својата последна изјава се осврна на тој шокантен пораз, истакнувајќи дека од Норвешка загубил поради – паузата за хидратација.

„Искрено верувам во тоа, дека загубивме од Норвежаните поради паузата за хидратација. До тој момент мојот тим имаше контрола… навистина, Норвешка имаше голем посед на својата половина, но тоа го имаа и со Англичаните, па не успеаја да победат. Јас за време на паузата почнав да размислувам за работи што се невообичаени за мене, и тука можеби направив грешка – помислив дека ја загубивме контролата иако се уште точно знаевме што правиме на теренот. Побарав одредени измени во составот, се отворивме, а противникот го искористи тоа, го постигна оној прв гол преку Халанд што промени се“, истакна искусниот стратег на клупата на „кариоките“.

Се вчитува...