Анчелоти откри: Син ми е „виновен“ за евроголот на Алаба

Реал Мадирд по целосен пресврт стигна до првите три бода во новата сезона во Ла Лига, а еден од заслужните за тоа беше Давид Алаба. Австриецот влезе во игра во 74. минута, а првиот допир на топката донесе еврогол од слободен удар.

Говорејќи за шпанските медиуми по натпреварот, тренерот Карло Анчелоти откри интересни детали за замената и голот. Идејата Алаба да го изведе истиот пред Бензема и Крос била на неговиот син, Давиде Алчелоти кој ја извршува фукнцијата на помошен тренер.

„Хиерархијата на изведување на слободни удари во зоната на шут за знае: Бензема е прв, а по него Крос. Меѓутоа, кога беше досуден слободниот удар, Давиде ми сугерираше Алаба да влезе и да шутира на гол. Не беше лесно да им кажеш на Карим и Тони дека нема да шутираат, но Алаба ја пренесе пораката на Давиде и тие го послушаа“, изјави легендарниот стратег.

Се вчитува...