Анчелоти: По Реал Мадрид му кажувам збогум на фудбалот!

Искусниот италијански стратег, Карло Анчелоти испиша историја откако по освојувањето на титулата со Реал Мадрид во Ла лига, успеа да стигне до трофеите во најдобрите пет фудбалски лиги во Европа.

Анчелоти во интервју за шпанските медиуми по освојувањето на титулата објави дека по ангажманот во „кралскиот клуб“ тој ќе му каже збогум на фудбалот.

„По Реал Мадрид најверојатно ќе престанам да се занимавам со тренерската работа. Но, сепак не знам кога ќе биде тоа. Ако Реал планира да ме задржи уште десет години, јас ќе го прифатам тоа“, изјави Анчелоти. 

 

Се вчитува...