Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по синоќешната победа од 0-3 против Џирона вели дека тој натпревар бил добредојден за намалување на притисокот кај одредени играчи.
„Важно беше ова за тимот и неопходно да ја задржи формата и да се врати на посакуваното ниво. Одличен меч од психолошки аспект за некои фудбалери. Белингам постигна гол на петти натпревар по ред. А Арда исто така постигна фантастичен гол, за намалување на притисокот врз него. Тој има големи очекувања, и покажува напредок“ – вели Анчелоти.
Стратегот на „кралевите“ се осврна и на ситуацијата со повредените фудбалери, пред исклучително важниот натпревар против Аталанта.
„Менди има мускулна повреда и нема да биде подготвен за следниот натпревар, додека Родриго верувам ќе биде подготвен, како и Белингам кој е само малку уморен“ – истакна Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА