Анчелоти почнува преговори со најтрофејната репрезентација во светот

Бразилскиот фудбалски сојуз работи на доведување на искусниот Карло Анчелоти. Претседателот Едналдо Родригез на крајот од овој месец ќе замине во Мадрид каде што ќе се обиде да го наговори италијанскиот стручњак да ја презеде клупата на Бразил. Но, ќе мора прво да разговара со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Анчелоти неодамна порача дека не планира да го напушти Реал, но Бразил веќе подготвуваат сериозна понуда за него. Мундо Депортиво пишува дека Анчелоти како селектор на „кариоките“ би заработувал десет милиони евра годишно, еден милион повеќе од сегашниот договор со Реал.

За Анчелоти тоа би бил прв селекторски предизвик во кариера. Ги водеше Реџиана, Парма, Јувентус, милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи и Евертон. Во кариерата освои се што можеше да се освои на клупски план.

Се вчитува...