Анчелоти поради позитивен ковид тест нема да патува во Виго – Натпреварот со Селта ќе го води неговиот син Давиде

Карло Анчелоти и дефинитивно нема да го води Реал Мадрид на гостувањето во Ла лига кај Селта Виго во 30. коло од шпанската Ла лига. Италијанскиот стратег доби позитивен тест во средата па ќе мора да остане во изолација до крајот на неделава.

Интересно е тоа што „кралевите“ на утрешниот натпревар во Виго ќе ги води неговиот син Давиде, кој во моментов работи како помошник на својот татко на „Сантијаго Бернабеу“.

Натпреварот меѓу Селта Виго и Реал Мадрид ќе се игра утре со почеток во 18.30 часот.

 

Се вчитува...