Анчелоти потврди: Доаѓа Елиф Елмас, тој е голем талент

Македонскиот мегаталент Елиф Елмас ќе биде ново засилување на Наполи. Тој треба да потпише петгодишен договор и во текот на следната седмица да пристигне во Неапол. Фенербахче и италијанскиот калчолигаш ги договорија речиси сите детали за трансферот. Го потврди тоа и тренерот на „наполитанците“, Карло Анчелоти.

„Многу сме блиску и се надевам дека тоа ќе оди брзо. Тој е многу интересен профил на играч, голем талент. Се дефинираат последните детали. Се надевам дека ќе пристигне пред да се вратиме од Димаро“, изјави Карло Анчелоти.

Тимот на Наполи од 6 до 26 јули е на летни подготовки во Димаро Фолгарида.

 

Се вчитува...