Анчелоти: Реал Мадрид има квалитет да ја освои Лигата на шампионите

Tренерoт на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим има квалитет да ја освои Лигата на шампионите и додаде дека ќе оди на победа против Унион Берлин.

Фудбалерите на Реал Мадрид утре гостуваат во Берлин во натпреварот од шестото коло од групата Ц во Лигата на шампионите.

Мадридскиот клуб е прв на табелата со 15 бодови, а уште порано го обезбеди првото место и пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Анчелоти изјави дека Реал е секогаш кандидат за освојување на Лигата на шампионите.

„Направивме одлична работа во групната фаза. Секогаш е тешко да се освои Лигата на шампионите, но мислам дека имаме квалитет да се бориме до крај и да го освоиме ова натпреварување“, заклучи Анчелоти.

Се вчитува...