Анчелоти: Сакам уште титули со Реал Мадрид, горд сум на овие играчи

Ниту еден тренер во историјата не може да се пофали со последниот успех на Карло Анчелоти. Предводникот на Реал Мадрид стана прв стратег со титула во секоја од петте најсилни европски лиги.

62-годишникот ја освои првата титула во Примера, а претходно се радуваше во Бундеслигата со Баерн Минхен, Премиер лигата со Челси, Лига 1 со ПСЖ и Серија А со екипата на Милан.

„Овие играчи ме прават горд, среќен сум за освоениот трофеј. Ми се допаѓа тоа што го работам. Петте првенства значат дека добро ја работам работата. Горд сум што сум тука и сакам да продолжам да освојувам титули со Реал Мадрид.

Многу сум емотивен, тоа е нормално. Сезоната во домашното првенство беше спектакуларна, бевме многу константни. Сакам да им се заблагодарам на играчите за нивната работа, нивниот однос и нивната посветеност. Ова е победа на сите, играчите се снајдоа многу добро, ретко правевме киксови“, изјави италијанскиот стратег.

Родриго, Марко Асенсио и Карим Бензема стрелаа во клучната победа на домашен терен во дуелот со Есоањол.

Се вчитува...