Анчелоти се потсмеваше со новинар, но набрзо му преседна… (ВИДЕО)

Карло Анчелоти доби отказ во Баерн Минхен по поразот од ПСЖ во 2. коло од Лигата на шампионите. Откако веќе беше лиферувана информацијата за неговиот отказ, многумина веднаш се потсетија на прес-конференцијата токму пред дуелот со ПСЖ на кое Анчелоти со потсмев се однесуваше кон еден новинар од Нигерија.

Афричкиот спортски новинар директно го праша Анчелоти дали се плаши од отказ доколку загуби од ПСЖ, на што сега веќе поранешниот тренер на Баерн се насмевна и со потсмев му одговори:

„Од каде си ти? Нигерија, аха… Драго ми е што Нигеријците се грижат за мојот живот“ – беше саркастичен Анчелоти, кој малку подоцна на пресот кажа дека натпреварот со ПСЖ не е одлучувачки за било што.

Но, ден по дебаклот, Анчелоти си доби отказ, па се покажа дека прашањето на нигерискиот новинар било апсолутно на место.

Се вчитува...