Анчелоти се правда по поразот од Шериф: Едноставно немавме среќа!

Шериф Тираспол ја направи најголемата сензација сезонава во Лигата на шампионите откако синоќа на гостински терен славеше над најтрофејниот тим во ова натпреварување Реал Мадрид со 1-2.

Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти по мечот како оправдание за лошиот настап на неговиот тим ја споменуваше среќата која неговите фудбалери ја немале.

„Не очекувавме ваков натрпевар, не бевме фокусирани во одбрана. Немавме ниту среќа. Имавме доста шанси, но гостите не изненадија во двата наврати кога стрелаа. Лоша среќа беше тоа за нас. Игравме добро, но вакви работи се случуваат кога немате среќа“, изјави по мечот Анчелоти. 

Со овој триумф Шериф е водечки на табелата во Д групата со шест бода по првите два натпревари и се наоѓа пред Реал Мадрид и Интер.

Се вчитува...