Анчелоти стравува од Николов и Шериф: Тоа е добро организиран тим, нема да биде лесно

Шериф Тираспол на нашиот Бобан Николов се наметна како изненадување на сезоната во Лигата на Шампионите откако лесно се пласираше во главната фаза, а потоа славеше и на деби настапот против Шахтјор Доњецк со 2-0.

Сега пред молдавскиот клуб се наоѓа нов предизвик наречен Реал Мадрид (21 часот), за кој речиси ретко кој верува дека може да биде изненаден, но искусниот тренер Карло Анчелоти не остава ништо на случајноста.

„Ова е натпревар од Лигата на Шампионите и сите натпревари тука мораат сериозно да се сфатат. Шериф е добар тим, тоа го покажа и на натпреварите со Динамо и во првото коло од групната фаза. Мораме да бидеме внимателни со тим кој е добро организиран. Мораме максимално да се фокусираме бидејќи ни требаат три бода за да бидеме во добра позиција“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...