Анчелоти: Тоа што Крос и Модриќ почнаа од клупата, не мора ништо да значи

Лука Модриќ и Тони Крос првиот натпревар во првенството на Шпанија против Атлетик Билбао го стартуваа од клупата за резерви. Во почетниот состав се најдоа Чуамени, Валверде, Камавинга и Белингем.

Крос влезе во игра во 71. минута, а Модриќ девет минути подоцна. Новинарите на прес-конференцијата ги интересираше дали ова значи дека двоецот кој „владее“ со Реал во последните години, го загубија местото во тимот, по што Анчелоти одговори.

„Не можам да кажам дека Крос и Модриќ нема да бидат стартери оваа сезона. Не можам да кажам ни дека ќе бидат. Едноставно, тоа што беа на клупата не мора ништо да значи“, рече Анчелоти.

Се вчитува...