Барселона со 3-0 го победи лутиот ривал Реал Мадрид во пријателски натпревар одигран синоќа во Далас.
Винисиус јуниор промаши за Реал и пенал, а играчите на „кралскиот клуб“ вкупно пет пати на мечот погодија дирек или греда од противничкиот гол, што е навистина неверојатно.
„Имавме добар натпревар кој беше интересен. Добро се движевме и имавме шанси, негативно е што во првиот дел бевме лоши во прекините, а преофанзивната игра не чинеше два гола. Поразот боли, но ги истакнувам добрите страни затоа што еден час добро игравме“ – истакна Анчелоти по мечот и дополнувајќи:
„Реткост е пет пати во еден меч да ја погодите рамката на голот. Мислам дека таква нешто никогаш ми се нема случено. Како да беше подигнат ѕид пред голот на Барселона. Но, ова е нов тим, сакав да видам како младите ќе се навикнат и беше добро треба да продолжиме на овој начин“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА