Анчелоти верува во Елиф: Елмас од првата минута на терен против Милан

Управата на Наполи реши да го казни Елиф Елмас за давање на интервју за време на медиумскиот бојкот од страна на клубот, но тренерот Карло Анчелоти е убеден дека македонскиот ас е еден од оние кои можат да дадат огромен придонес за тимот да најде излез од кризатаа.

Наполи вечерва игра големо дерби против Милан на „Сан Сиро“, а трофејниот стратег е подготвен да му даде шанса на Елмас од првата минута да ги покаже своите квалитети на теренот во Милано. Во најавените формации на тиражниот весник „Газета дело спорт“ македонскиот репрезентативец се наоѓа меѓу стартните единаесетмина на „наполитанците“. Во оваа формација Елмас би бил во средниот ред заедно со Алан, Зјелински и со Руиз, а во нападот Лозано ќе му прави друштво на Лозано.

Евидентно е отсуството на Калјехон и на Мертенс, фудбалери што од медиумите беа посочени како иницијатори на „бунтот“ против претседателот Де Лаурентис.

Се вчитува...