Анчелоти: Винисиус e одличен фудбалер, но мора да промени една работа

Реал Мадрид со убедлива победа ја започна новата сезона во Ла Лига, а повратникот на клупата, Карло Анчелоти, може да биде задоволен од играта на голем број фудбалери.

Бразилецот Винисиус е еден од играчите од кои италијанскиот стручњак очекува многу сезонава, а на дуелот со Алавес тој влезе како замена за Еден Азар и успеа да постигне гол до крајот на средбата.

Анчелоти изјави дека Винисиус има голем потенцијал, а го откри и првиот важен совет кој му го дал на 21-годишниот играч.

„Мислам дека Винисиус има сериозен квалитет во играта еден на еден. Му кажав дека ако сака да постигнува повеќе голови, ќе треба да ги решава ситуациите по еден или два допира со топката. Тешко е да постигнеш гол по пет-шест контакти, но тој е млад фудбалер и сигурно ќе напредува во секој сегмент“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...