Анчелоти во Реал Мадрид носи „пулен“ од Евертон

Карло Анчелоти го презема Реал Мадрид како дел од проектот за „ребилдинг“ на клубот во смената на генерации која следи на „Сантијаго Бернабеу“, а италијанскиот стрег со него сака да го доведе и „пуленот“ од Евертон, Доминик Калверт-Луин.

24-Годишниот Англичанец важи за голема надеж на англискиот фудбал, кој оваа сезона блесна во дресот на Евертон постигнувајќи 21 погодок во сите натпреварувања со што беше еден од најдобрите фудбалери на „сините“.

Овој трансфер се проценува на 50 милиони евра, а во полза на Реал Мадрид е лошата финансиска ситуација во клубот од Ливерпул. Евертон има загуба од 240 милиони евра од почетокот на пандемијата на коронавирус па јасно е дека „сините“ ќе мораат да продаваат играчи ова лето.

Покрај за Калверт-Луин, Анчелоти се интересира и за Алан, бразилскиот играч за врска кого италијанскиот стратег го донесе од Наполи во Евертон, а сега би сакал повторно да го има во својот тим и во Реал Мадрид.

Се вчитува...