По поразот на Англија од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство, снимката од инцидентот меѓу Џуд Белингам и Валентин Барко брзо стана вирална на социјалните мрежи.
Англискиот играч од средниот ред, видливо разочаран од исходот, им се приближи на аргентинските играчи за да им честита. Кога дојде редот на Барко, Белингам го удри лесно по тилот, по што следуваше кратка пресметка која ја прекинаа другите играчи. Белингам не влезе во конфликт со другите аргентински фудбалери.
Белингам беше исклучително лут и разочаран по натпреварот. Англија водеше, но откако ја изгуби контролата врз играта, дозволи Аргентина да го сврти резултатот. Фрустрацијата на Белингам кулминираше во моментот на конфликт со Барко.
Позадина на конфликтот: Две провокации на Барко
Барко наводно го провоцирал Белингам во два наврати. Првиот инцидент се случил веднаш по израмнувачкиот гол на Енцо Фернандез. Барко, кој беше на клупата, истрча на теренот, но место да слави со соиграчите, истрча кон англиските играчи и почна да му вика во лице на Белингам.
Втората провокација се случила по натпреварот. Белингам се приближи до Барко за да се ракува, но Аргентинецот му прокоментирал нешто на шпански, веројатно претпоставувајќи дека англискиот играч од средниот ред нема да го разбере.
Сепак, Белингам, кој зборува шпански, ја разбрал провокацијата и му одговори со удар во тилот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
