Анчелоти во сериозна мисија – да го врати Единсон Кавани во Неапол

Карло Анчелоти по девет години се врати во италијанскиот фудбал и седна на клупата на Наполи, а сака во Неапол да го врати и Единсон Кавани. Уругваецот во 2013 година го напушти овој град и замина во Париз, потпишувајќи за ПСЖ, а сега би можел да го облече дресот на „наполитанците“. Тоа е големата желба на Анчелоти и на претседателот Аурелио де Лаурентис.

Наполи има подготвено 50 милиони евра за трансфер на Кавани, а 31-годишниот напаѓач веќе имал разговор со Анчелоти при гостувањето на ПСЖ во Неапол во Лигата на шампионите. Најавите од Франција се дека Пари Сем Жермен ќе бара 60 милиони евра за продажба на голгетерот кој има договор со клубот до 2020 година.

 

Се вчитува...