Анчелоти во војна со „ѕвезда“ на Наполи

Наполи одигра само 0-0 на гостувањето против Генк, а Карло Анчелоти изненади со одлуката воопшто во тимот да не го вклучи Лоренцо Инсиње. Италијанскиот репрезентативец со години наназад важи за еден од лидерите на екипата, но Анчелоти очигледно влегол во конфликт со него, пред се поради недоволно залагање за време на тренинзите.

Инсиње гледаше од трибини. Не, тој не е повреден, туку не беше во тимот бидејќи во изминатите денови на тренинзите беше помалку брилијантен од вообичаено. Затоа решив да не игра со Генк, туку да го сочувам за следните натпревари“ – изјави Анчелоти по натпреварот.

Очигледна е желбата на трофејниот стратег токму преку капитенот да гради авторитет и да испрати јасна порака до сите – оние кои нема да се залагаат на тренинзите, нема да добијат шанса ниту на натпреварите. Сепак, проблем е што во бројните ротации променливи се резултатите, Наполи не игра на посакуваното ниво, а доколку ситуацијата наскоро не се подобри, притисокот ќе почне да расте токму врз тренерот.

Се вчитува...