Чаби Алонсо е изборот на Флорентино Перез за наследник на Карло Анчелоти и нов шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид почнувајќи од наредното лето, објавија утрово неколку мадридски медими кои важат за многу блиски до раководството на „кралевите“.
Алонсо своевремено како играч настапуваше со успех за Реал, сега бележи одлични резултати како тренер на Баер Леверкузен, а за неговите квалитети денеска говореше и актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
„Знам дека тој има одлично фудбалско познавање, постои можност да дојде и би било супер еден ден да биде тренер овде. Горд сум кога моите играчи стануваат успешни тренери, искрено му посакувам на Чаби да успее кога ќе дојде овде, истото го чувствувам и за Раул и за Арбелоа“, изјави сегашниот тренер на „кралевите“.
Тој повторно го прокоментира и поразот на градското дерби со Атлетико Мадрид, прв неуспех на Реал сезонава.
„Нормално е да ве критикуаат кога работите не одат како што треба. Знам дека е дел од работата и не обрнувам многу внимание, само велам дека треба да се види и сето она добро што го направивме до тој меч, а направивме многу добри работи“, порача Карло Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА