Реал Мадрид ја победи Селта со 3-2 пред своите навивачи и остана на четири бода од водечката Барселона, со која се среќава в недела на ‘Монжуик’.
Карло Анчелоти се обидува да спаси што може да се спаси бидејќи е јасно дека го напушта Реал на крајот од сезоната, а неговата цел е барем да го одбрани трофејот во Ла Лига кога неговиот тим веќе нема шанси во ниту едно друго натпреварување.
Познато е дека Анчелоти има огромни проблеми со повредите на играчите оваа сезона, особено на дефанзивната страна. Затоа италијанскиот стручњак често експериментираше и користеше индивидуални играчи од средниот ред на позицијата стопер.
Сепак, многу луѓе не разбираат зошто Анчелоти толку многу се залага за тоа, бидејќи има стопер на располагање кого речиси и да не го искористи оваа сезона. Станува збор за Хесус Ваљехо, кој одигра само десет минути на еден натпревар од Ла Лига оваа сезона, и иако во еден момент речиси целиот тим на стопери беше надвор од игра, тој дури ни тогаш не доби шанса да игра.
Иако Анчелоти го праќаше на загревање на некои натпревари, на крајот никогаш не му даде шанса и секој пат го враќаше на клупата. Ова се случи и на вчерашниот натпревар против Селта, кога Ваљехо се загреваше речиси целото второ полувреме, а потоа Анчелоти го врати на клупата и за жал не застана тука.
Откако заврши натпреварот, на Ваљехо му беше наредено да остане на теренот и да направи полесен тренинг, иако сите други играчи на Реал веќе беа во соблекувалната.
Jesus Vallejo is running on the pitch after the game.
— @Rodra10_97 pic.twitter.com/WBtbaaLeFx
— Madrid Universal (@MadridUniversal) May 4, 2025
Јасно е дека Анчелоти навистина не го „мириса“ овој дефанзивец, но многумина веруваат дека Ваљехо не заслужил толку јавно да го понижуваат речиси на секој натпревар. 28-годишникот сигурно ќе го напушти кралскиот клуб на лето бидејќи му истекува договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА