Андерсон: Ќе се бориме со сите сили до крајот!

Фленсбург со два гола негатива (24-26) дојде во Скопје, на мегдан со Вардар на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Уште 60 минути остануваат до Келн, а сега битката ќе се одвива во „Јане Сандански“. Но, Фленсбург е типично германски колектив, не се предава до самиот крај, а тоа го најавува и искусниот шведски голман, Матијас Андерсон.

„Ќе се бориме со сите сили до самиот крај. Нема предавање до последната секунда. Не очекува тежок натпревар, но не се влегува лесно на Ф4, тоа ни е познато“, истакнува Матијас Андерсон.

Голманите на Фленсбург немаа свој ден на првиот меч што се одигра во Германија. Тренерот Љубомир Врањеш најави дека во последен момент кој од двајцата, дали Швеѓанецот Андерсон или Данецот Мелер, ќе го започне мечот во Скопје на голот на Фленсбург.

Се вчитува...