Андоноски: Желни сме за успех на квалификацискиот турнир

Кошаркарската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за претквалификацискиот турнир за ЛОИ во Париз.

Андреј Андоноски долго време ја чекаше својата шанса во МЗТ Скопје Аеродром. Се чини ја доби кога требаше, во финишот на сезоната, а дојде со промената на тренерот во нов-стариот шампион на Македонија.

Добрите игри пак му донесоа и повик на младиот крилен играч за присуство на подготовките на сениорскиот национален тим ова лето, и место во оние „последни 12“ кои овој викенд ќе бидат на „контролите“ во Белград, односно пријателските натпревари (5. и 6.август) против селекцијата на Полска.

„Добиваме шанса за да се покажеме и во сениорскиот тим. Во оваа екипа има, како искусни, така и млади играчи кои што сме желни да се покажеме. И дека доколку добиеме шанса, можеме да направиме успех. Повеќето од нас добро се знаеме. Имаме играно и во некои претходни циклуси од прет-квалификациите. И дека овој период е доволен за да се соединиме. Имаме и некој нов план кој што треба да ни донесе успех“, изјави Андоноски. 

Се вчитува...