Андонова и Леванте запрени во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија

Македонската репрезентативка Наташа Андонова и нејзиниот Леванте беа поразени од Атлетико Мадрид со 2-3 во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија. Гостите до предност стигнаа во 32. минута преку Кастеланос, а домаќините го изедначија резултатот преку Ферез во 41. минута.

Во второто полувреме продолжи голеадата, но овој пат два пати стрелаа фудбалерките на Атлетико, Лопез Милан во 71. минута и Лудмила во 77. минута, а Кеирос успеа да го ублажи поразот во 81. минута.

Андонова натпреварот го започна од клупата, а шанса доби во 76. минута кога ја замени Пинто.

Се вчитува...