Андонова со Барселона во полуфиналето на ЛШ

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова со тимот на Барселона се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионките. Каталонскиот тим славеше и во реваншот против Квинер (0-1), и со вкупни 4-0 на убедлив начин избори пласман меѓу четирите најдобри екипи во елитното европско клупско натпреварување во женска конкуренција.

Андонова на денешниот натпревар настапи во второто полувреме. Противник на Барселона во полуфиналето на ЛШ ќе биде тимот на Баерн Минхен.

Се вчитува...