Андоновски: Квалитетот е на страната на Пролет, но не смее да има опуштање во Прилеп

Капитенот на Пролет, Ласко Андоновски, ги предупреди своите соиграчи дека скопскиот клуб ќе мора да одигра максимално ако сака да стигне до цел плен на денешното гостување во Прилеп.

Пролет има удобна предност на врвот на табелата во плејаут лигата, но скопскиот тим сака да продолжи со победи и на гостувањето на кое неочекувано претрпе пораз во првиот дел од сезоната.

„Пред нас е меч со ривал што добро го познаваме. Верувам дека квалитетот е на наша страна, но клучно ќе биде да одиграме на висина на нашите можности и во ниту еден момент да не го потцениме противникот. Тоа беше проблем при последниот меч на кој претрпевме пораз во Прилеп и мораме да сме свесни дека ако ни се повтори лош пристап, можеме повторно да загубиме на ова гостување. Иако настапуваме во плејаут-лигата, обврска ни е да одиграме максимално од првата до последната минута. Ако го сториме тоа, убеден сум дека ќе се радуваме на крајот“, истакна капитенот Ласко Андоновски.

Се вчитува...