Португалскиот напаѓач Андре Силва најверојатно нема да го реализира трансферот во Монако. Тој не ги мина физичките тестови по кои требаше да стави потпис на договор со „кнезовите“. Монако беше подготвен да плати 30 милиони евра за Андре Силва.
Ова е голем шок за Милан кој веќе ги испланира и парите од продажбата на Португалецот. На „Сан Сиро“ треба да пристигне аргентинскиот интернационалец Анхел Кореа од Атлетико Мадрид. „Росонерите“ за него треба да платат 40 милиони евра, а сега овој „дил“ е неизвесен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА