Андре Силва пак е херој на Милан

Тренерска смена и верба од Џенаро Гатузо беше она што му требаше на Андре Силва за конечно да заигра онака како што навивачите на Милан очекуваа од него по трансферот од Порто. По голот во 94. минута минатиот викенд во Џенова, Португалецот повторно блесна и на денешниот дуел со Киев, постигнувајќи го победничкиот погодок на десетина минути до крајот.

Милан имаше негатива од 1-2 по првото полувреме, но најпрвин Кутроне постигна гол за 2-2 што беше признат по прегледување со ВАР технологија, за Силва да го комплетира пресвртот. ВАР му беше наклонет на Милан на денешниот, па „росонерите“ добија и пенал во 90. минута што Кеси не успеа да го претвори во гол.

Ел Шарави и Наинголан беа стрелци на головите при рутинската победа што Рома ја забележа на гостувањето во Кротоне (0-2).

Аталанта по рецептот на Интер стигна до три бода пукајќи „петарда“ на гостински терен, за триумф во Кротоне од 0-5. Иличиќ постигна хет-трик за тимот од Бергамо, додека по еднаш меѓу стрелците се запишаа и Кристанте и Гомез.

Неверојатен финиш имаше мечот меѓу Беневенто и Калјари, на кој домаќините имаа водство се до 90. миунта, а потоа Калјари постигна два гола во судиското продолжение преку Паволети и Барела и стигна до победата.

Резултати Италија:

Сампдорија – Интер 0-5, Милан – Киево 5-0, Кротоне – Рома 0-2, Беневенто – Калјари 1-2, Верона – Аталанта 0-5, Торино – Фиорентина 1-2.

Се вчитува...