Андре Вилјаш Боаш нов тренер на Олимпик Марсеј

Португалскиот стратег Андре Вилјаш Боаш му се враќа на фудбалот и во наредните две години ќе биде нов тренер на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј. Тој доаѓа на местото на Руди Гарсија, кој не успеа да ја исполни целта и да го одведе тимот во европските натпреварувања.

Спортскиот директор Андони Зубизарета подолг период водеше преговори со Португалецот и успеа да го договори да го преземе кормилото на францускиот тим.

Вилјаш Боаш во Олимпик Марсеј ќе заработува 600.000 евра месечна неоданочена плата и ќе добие можност за да доведе неколку засилувања на „Велодром“ во летниот преоден рок.

Се вчитува...