Андреа Лекиќ се договори со Будуќност

Најдобрата ракометарка во светот за 2013 година и поранешна членка на Вардар, Андреа Лекиќ од следната сезона ќе биде дел од црногорскиот Будуќност. Со клубот во кој повторно ќе биде заедно со Јованка Радиќевиќ, српската репрезентативка потпиша двегодишен договор.

Во мометов Лекиќ е дел од ЧСМ Букурешт каде што замина по распадот на Вардар и ја одработува втората сеозна. Андреа Лекиќ пред Вардар беше дел од Ѓер со кој ја освои и европската ракоемтна титула.

Поради здравствени проблеми, Лекиќ не беше дел од српската репрезентација во декмври на Светското ракометно првенство. Најголем успех со националниот тим и е среброто од мундијалот во 2013 година.

 

Се вчитува...