Андреа Пенезиќ – најдобар стрелец во ЛШ

Вардар уште пред почетокот на големото финале со Ѓер стигна до првата титула во ЛШ, откако Андреа Пенезиќ се закити со признанието за најдобар стрелец во елитното европско натпреварување.

Хрватската репрезентативка за главни ривалки во оваа трка ги имаше Булатовиќ и Неагу од Будуќност, но откако тренерот Аџиќ реши да ја намали минутажата на своите главни ѕвезди на малото финале со ЧСМ, стана јасно дека тие немаат шанса да ја стигнат Пенезиќ.

Црногорката постигна пет, а Романката само три гола во мечот за бронзата, па тие на крајот го испуштија и второто место на листата на стрелци, на кое се искачи Изабел Гулден, која со деветте гола попладнево стигна до „кота 92“. Само за споредба, Андреа Пенезиќ и со натпревар помалку има 94, па „вардарката“ сигурно ќе се закити со оваа значајна награда.

Се вчитува...