Андреа Пирло блиску до нов ангажман

Италијанскиот тренер, Андреа Пирло наскоро би требало да добие нов тренерски ангажман и да седне на клупата на турскиот Карагумрук.

Како што пренесуваат медиумите на Апенините, тој постигна договор со клубот кој минатата сезона заврши на осмото место во шампионатот на Турција.

Овој тим во елитата игра од 2020 година. Пирло е единствениот тренерски ангажман го имаше во Јувентус, кој го предводеше во сезоната 2020/2021.

Се вчитува...