Андреа Пирло е нов тренер на Сампдорија

Едно од најславните имиња на италијанскиот фудбал Андреа Пирло ќе биде новиот тренер на европскиот вицешампион од 1992 година, екипата на Сампдорија.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Пирло веќе се договорил на двегодишна соработка со тимот од Џенова во желбата да го врати во Серија А.

Сампдорија испадна во Серија Б после катастрофалната сезона, па од летово има и нов газда – Андреа Радрацани, досегашниот прв човек на Лидс. Сега и Пирло доаѓа како спасител на клубот.

Легендарниот Андреа Пирло претходно во тренерската кариера беше кормилар на Јувентус, па на турски Карагурмук, каде доби отказ пред самиот крај на сезоната.

Се вчитува...