Андреј Јакимовски реди победи во НЦАА-лигата

Андреј Јакимовски и Вашингтон стејт продолжуваат да редат победи на стартот од сезоната во НЦАА-лигата откако синоќа триумфираа и на дуелот со Ајдахо вандалс, со минимални 61-58.

Македонскиот репрезентативец повторно доби значителна улога во својот тим, на теренот мина 21 минута и успеаа стигне до двоцифрен ефект. Имено, Јакимовски реализираше 11 поени (3/4 за три и 1/2 за два поени), но и четири скока и една асистенција.

„Пресреќен сум. Почнавме многу лошо, но успеавме да се вратиме, да одиграме добро второ полувреме и да се радуваме на победата“, изјави Јакимовски по мечот.

Се вчитува...