Андреј Настовски ќе ги разигрува кумановци (ФОТО)

Куманово продолжува со составување на тимот кој ќе го носи „сино-белиот“ дрес следната сезона, а по продолжување на соработката со Стеван Глигоријевиќ, клубот сега погледите ги насмери кон засилувањата, а првиот кој стави потпис со тимот е Андреј Настовски.

Дваесетгодишникот бек претходната сезона ги бранеше боите на Црн Дрим каде во просек постигнуваше 7.3 поени, 2.8 скока и една асистенција на 25 одиграни средбни, но неговата улога во струшкиот тим беше далеку позначајна во завршницата од сезоната.

Настовски важи за еден од најталентираните македонски играчи кој во 2017 година стана и најмладиот играч кој настапил во АБА лигата на натпреварот во Подгорица помеѓу МЗТ Скопје и Будуќност со само 16 години. Македонецот е само еден од серијата на засилувања кои ќе пристигнат во редовите на кумановци во следниот период. Клубот е во преговори и со Србите Каплановиќ и Џукановиќ.

Се вчитува...