Андреј Стојчевски со гол за Жилина во ремито против Спартак Трнава

Македонскиот млад фудбалер Андреј Стојчевски, беше стрелец за Жилина во дуелот со Спартак Трнава во словачкиот шампионат. Стојчевски, кој стартуваше за Жилина, постигна гол во 53. минута и така зголеми на 0-2.

Но, и тоа не беше доволно да се дојде до победата. Во домашниот тим во игра влезе Милан Ристовски, по што Спартак постигна два гола преку Боатенг и Савидис и извлече бод од овој натпревар.

Стојчевски во текот на вториот дел доби и жолт картон. После четири кола, Спартак Трнава има пет, а Жилина шест бодови.

Интересно е тоа што денеска и неговиот брат Филип беше стрелец на гол за тимот на Силекс во дуелот со Работнички.

Се вчитува...